Карвахал: На Родри секој ден му велам да дојде во Реал - во Манчестер нема сонце!

Бекот на Реал Мадрид, Дани Карвахал вели дека постојано го врбува Родри да се пресели на Сантијаго Бернабеу.

Родри во Манчестер Сити се промовираше во еден од најдобрите играчи на неговата позиција, Карвахал смета дека токму таков играч му е потребен на Реал Мадрид.

„Секој ден му велам на Родри да потпише за Реал Мадрид. Секој ден му велам да го напушти Манчестер, нема сонце таму и да се пресели во Мадрид бидејќи ни е потребен“, вели Карвахал.

„Тој ми вели дека има договор... но би бил перфектен за нас“.