Србите му ги нудат своите колена на Ѓоковиќ само да продолжи да игра во Париз (ФОТО)

По совршено одиграниот прв сет, Новак Ѓоковиќ ги загрижи своите фанови во текот на вториот сет откако се пожали на болки во коленото.

Беше 3-0 за Циципас во вториот сет кога Новак Ѓоковиќ се пожали на болки, му беше укажувана медицинска помош, а фановите трепереа во неизвесност дали воопшто ќе може да го продолжи мечот.

Имаше дури и такви кои му го нудеа своето колено на српскиот тенисер.

 

Ѓоковиќ ги нема освоено Олимписките игри, па тоа е негова голема цел во финишот од кариерата.