Роналдо пак ѝ донесе победа на Португалија, европскиот шампион не греши два пати (ВИДЕО)
Фудбалерот на Ал Наср влезе во игра во второто полувреме и го постигна победничкиот гол во 88. минута откако претходно Мектоминеј го отвори резултатот, а Фернандес израмни на 1-1. Португалците долго време се мачеа, но на крајот стигнаа до триумфот и сега се многу блиску до нокаут фазата во Лигата на нации.
По ремито без голови во воведното коло против Србија, актуелниот европски шампион Шпанија вечерва дојде до првата победа во Лигата на нации. „Фуријата“ славеше со 4-1 на гостувањето во Швајцарија, но конечниот исход не е реален одраз на она што се слулуваше на теренот бидејќи до десетина минути пред крајот, водството на континенталниот првак изнесуваше само 2-1, а на домаќинот му беа поништени два гола. Шпанците одлично почнаа, по 13 минути игра водеа со 2-0 со головите на Хоселу и Руиз, но работите се сменија по црвениот картон на Ле Норман во 20. минута.
Селекторот Де ла Фуенте мораше да прави претумбации во составот, го извади од игра Педри за да ја зацврсти одбраната, а домаќинот почна да го диктира темпото. Амдуни во 41. минута намали на 1-2, а се до 77. минута Шпанија беше под константен притисок. Тогаш на сцена стапи Феран Торес кој прво му асистираше на Руиз за 3-1, а три минути подоцна самиот постигна гол, постигнувајќи го конечниот резултат.
Своја вечер имаше уште еден ветеран, Лука Модриќ кој со прекрасен слободен удар ѝ донесе победа на Хрватска со 1-0 во дуелот со Полска на домашен терен.
ЛИГА НА НАЦИИ - РЕЗУЛТАТИ
ГРУПА 1
Португалија - Шкотска 2-1
Хрватска - Полска 1-0
ТАБЕЛА: Португалија 6 бода, Хрватска и Полска по 3, Шкотска 0
ГРУПА 4
Данска - Србија 2-0
Швајцарија - Шпанија 1-4
ТАБЕЛА: Данска 6 бода, Шпанија 4, Србија 1, Швајцарија 0