Ристовска се врати во Лигата на шампионите, но не се изнаигра

Сара Ристовска повторно е дел од најважното женско ракометно натпреварување, македонската ракометарка со Рапид Букурешт се израдува на победа над Будуќност од 32-27.

Ристовска последен пат во Лигата на шампионите играше со ЦСКА Москва во сезоната 2021/22, потоа следуваа санкции за руските екипи, па таа не можеше да биде дел од ова натпреварување.

Ова лето Македонката направи трансфер во романскиот тим Рапид Букурешт и се врати во Лигата на шампионите.

На мечот против Будуќност Ристовска имаше мала минутажа, постигна еден гол во финишот од мечот.