Кратко траеше еуфоријата: Србија им се врати на разочарувањата (ВИДЕО)
Вечерва, во второто коло од Лигата на нации, „орлите“ загубија на гости кај Данска со 0-2 за ново разочарување за љубителите на фудбалот кај нашиот северен сосед. Данците беа кобни за Србија и на Европското првенство каде ја елиминираа во групната фаза, а сега сигурно ќе предизвикаат нови бранувања во српскиот фудбал по трите дена еуфорија во земјата.
Данска не беше многу доминантна, но ги искористи своите шанси за да дојде до вториот триумф во Лигата на нации, по оној против Швајцарија во четвртокот. Резултатот го отвори Гронбек во 36. минта, а во 61. минута Поулсен на атрактивен начин, со „ножички“ стави точка на дилемите околу победникот. Србија немаше идеја, ниту се закани по голот на противникот во финишот од мечот, па мораше да му честита на противникот.
Факт е дека во во септемврискиот циклус Србија беше драстично ослабена, без 14 фудбалери кои играа на Европското првенство. Шансата за прва победа затоа ќе ја бара во октомври кога ја пречекува Швајцарија и гостува кај Шпанија.