Халанд ќе потпише нов договор со Сити, а сонува за Реал

Норвешката гол-машина Ерлинг Халанд наскоро треба да седне на преговори со Манчестер Сити во врска со евентуалното продолжување на соработката, но во никој случај тој не се откажува од својот сон.

Неговиот актуелен договор со Сити е со важност до 2027 година и за неделна плата од 375 илјади фунти, но со разните бонуси, неговите примања се далеку повисоки. Во Сити немаат дилема дека сакаат да го задржат многу подолго, само што Халанд изгледа нема намера таму да остане до крајот на кариерата.

Негов сон е Реал Мадрид и инсистира во новиот договор да биде вметната клаузула за евентуален трансфер ако овој клуб посакува да го види во своите редови. Се разбира дека Сити би имал финансиска добивка од тој трансфер, но цената за Халанд би била „разумна“ иако не е посочено колку точно би изнесувала.