![](https://sport1.mk/files/styles/article/public/article/2024/09/08/235595-modrikj-go-pomina-ramos-pred-nego-se-samo-mesi-i-ronaldo.jpg?itok=gCZ7Fqux)
Модриќ го помина Рамос, пред него се само Меси и Роналдо
Легендарниот плејмејкер дебитираше на 1 март 2006 година, а вечерва го помина Серхио Рамос и се искачи на третото место на листата на фудбалери по бројот на настапи во репрезентацијата. Рамос остана на 179, додека пред Модриќ се само Лионел Меси со 187 и апсолутниот рекордер Кристијано Роналдо со 214. Хрватскиот репрезентативец до новото достигнување дојде на еден ден пред својот 39. роденден.
Со оглед на тоа што се уште не размислува за пензија и неодамна изрази желба да игра на Светското првенство во 2026, не е исклучено Модриќ да стигне и до 200 натпревари во националниот тим.