Ристовски: Сакам да бидам како Панчев и Најдоски – да освојувам трофеи со Ц. Звезда (ВИДЕО)

Македонскиот младински репрезентативец, Горазд Ристовски, сонува за големи успеси со Црвена Звезда, инспириран од легендите Дарко Панчев и Илија Најдоски.

Македонскиот двоец во 1991 година го освоија Купот на шампионите со белградскиот клуб, па нашиот голем талент сака да почувствува барем дел од таа слава.

„Секако дека сум почестен што сум дел од клуб како Ц. Звезда. Немав ни сонувано дека ќе ми се укаже ваква можност. Немам посебен идол, но морам да ги споменам Панчев и Најдоски, кои испишаа историја. Посакувам и јас да освојам некој голем трофеј со клубот,“ изјави Ристовски во интервју за официјалниот сајт на белградскиот тим.

Талентираниот лев бек е дел од македонската „колонија“ што во последно време се формира во младинската школа на Црвена Звезда. Долги години македонските фудбалери немаа пристап до овој клуб, но сега неколкумина репрезентативци се дел од него. Ристовски, кој беше најдобар асистент во својата генерација во есенскиот дел од сезоната, го привлече вниманието на клубот со своите импресивни настапи. Во интервјуто зборува за своите фудбалски почетоци, адаптацијата во Белград и плановите за иднина.