Феенорд на два дена пред натпреварот со Милан остана без тренер

Раководството на Феенорд се одлучи на изненадувачки потег и го отпушти тренерот Брајан Приске на само два дена пред плеј-оф натпреварот против Милан.

Летово холандскиот остана без Арне Слот кој ја прифати понудата од Ливерпул, а на негово место дојде Приске кој успеа да го освои трофејот во Суперкупот на Холандија. Сепак, во изминатиот период дојде до пад во формата на тимот и тоа резултираше тренерска смена.

„Феенорд се разделува со Брајан Приске. Благодарни сме му за неговото време во клубот и му посакуваме се најдобро во иднина“, стои во соопштението од клубот од Ротердам.

Покрај Приске од Феенорд си заминуваат и помошниците Бабалола Андерсон и Бјерн Хамберг.