![](https://sport1.mk/files/styles/article/public/article/2025/02/10/248197-ancheloti-sekoj-duel-so-gvardiola-mi-e-koshmar-i-me-boli-glavata.jpg?itok=7HAR05U5)
Анчелоти: Секој дуел со Гвардиола ми е кошмар и ме боли главата
Тоа ќе биде и нов дуел на двајцата тренери со најголем број победи во историјата на Лигата на шампионите, Карло Анчелоти и Пеп Гвардиола. Италијанецот во моментов е рекордер со 121, а менаџерот на Сити има девет помалку, но нивните меѓусебни натпревари последните години станаа вистинска класика. Со оглед на резултатите оваа сезона, Реал е фаворит, но кој би смеел предвреме да го отпише Сити. Анчелоти не се радува многу на средбата со Гвардиола и признава дека овие натпревари му носат многу главоболки.
„Гвардиола е иноватор во фудбалот и јас имам голем респект кон него. Тој е еден од најдобрите и секогаш ми се кошмар натпреварите со него бидејќи треба да се мисли на многу работи, а во такви случаи ме боли главата. Во последните три сезони, тој што победуваше во нашите дуели, ја освојуваше титулата, уверен сум дека така ќе биде и сега“, рече Анчелоти.
Првиот меч од плејофот се игра утре во Манчестер, а реваншот е на 19 февруари на „Бернабе“.