ФА Куп: Манчестер сити против второлигашот кој го шокираше Ливерпул

Денеска беше одржана ждрепката за ФА Купот, а Манчестер сити повторно нема да се соочи со екипа од Премиер лигата.

„Граѓаните“ откако го елиминираа Лејтон Ориент сега ќе се соочат со Плимунт, екипата која во ова коло приреди изненадување и го исфрли Ливерпул.

Петтото коло од ФА Купот ќе донесе и премиерлигашки пресметки во кои ќе се сретнат: Бормут – Вулверхемптон, Њукасл – Брајтон и Манчестер јунајтед Фулам. Во останатите пресметки ќе играат: Престон – Барнли, Астон Вила – Кардиф, Донкастер/Кристал Палас – Милвол, Екситер/Нотингем Форест – Ипсвич.

Натпреварите се напрограмата од 1 до 4 март.