Словенечка легенда бега од Далас – не сака да работи со тие што го предадоа Дончиќ!

По заминувањето на Лука Дончиќ од Далас Маверикс на крајот од НБА периодот за трансфери, тимот остана и без еден од членовите од стручниот штаб – словенечката легенда Марко Милиќ.

Според информациите на НБА инсајдерот Марк Стајн, тој решил да ја напушти франшизата, бидејќи не сакал да остане во Далас без својот сонародник, односно не сакал да работи за тие што го предадоа најдобриот Словенец на сите времиња. Милиќ беше дел од стручниот штаб на „телињата“ од 2022 година, а неговата поврзаност со Дончиќ беше очигледна. Пред тренерската кариера, тој настапуваше за за Феникс Санс во НБА, а играше и за Виртус, Олимпија Љубљана, Фенербахче, Фортитудо и Реал Мадрид.

Оваа одлука доаѓа по големата размена во која Дончиќ премина во ЛА Лејкерс, а во спротивен правец замина Ентони Дејвис. Овој потег предизвика револт кај навивачите на Маверикс, кои протестираа против раководството на клубот, а профилот на Далас на Инстаграм загуби речиси милион следбеници. Милиќ, познат како првиот словенечки кошаркар во НБА, дебитираше во најсилната лига во 1997 година, кога Феникс Санс го избра во втората рунда на драфтот. За тимот одигра 44 натпревари, но без позначајна улога.