![](https://sport1.mk/files/styles/article/public/article/2025/02/10/244615-real-madrid-ne-mozhe-bez-modrikj-dedoto-kje-dobie-nov-dogovor-so-kralevite.jpg?itok=7dlfFCbG)
Реал Мадрид не може без Модриќ – дедото ќе добие нов договор со „кралевите“!
Шпанските медиуми пренесуваат дека клубот го смета Хрватот за исклучително важен и на теренот и во соблекувалната, па ќе му го продолжат договорот. Реал Мадрид се придржува до праксата да не дава долгорочни договори на постари фудбалери, туку да ги проценува на крајот на секоја сезона. Претходно, Модриќ потпиша едногодишен договор, а истиот принцип ќе важи и ова лето.
Новото продолжување на договорот ќе ја означи 14-та сезона на Модриќ во Реал, каде што го освои секое можно признание и трофеј.