Морнар сѐ уште не ги лиценцирал играчите, се отвора нова шанса за МЗТ Скопје
Клубот е во големи проблеми, сопственикот на Морнар има проблеми со законот и сето тоа се одразува на состојбата на некогашниот шампион на Црна Гора и долгогодишен учесник на АБА лигата. Српските медиуми тврдат дека при евентуално напуштање на Морнар, најблиску до место во елитната дивизија од АБА е МЗТ Скопје, пред Војводина која според резултатот од минатата сезона требаше да биде во пол-позиција. Во оваа ситуација одлучува националниот клуч, а Србија веќе има шест претставници во елитната конкуренција.
Не е исклучено директорот на АБА, Милија Војиновиќ да го продолжи рокот за лиценцирање, но ни тоа не може да биде бесконечно, а во клубот нема најави дека нешто ќе тргне на подобро.