Италијанка одби да боксува против „маж“, па се - расплака во рингот (ВИДЕО)

Италијанската боксерка Анџела Карини го предаде мечот против Иман Хелиф од Алжир во осминафиналето на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Париз, откако и претходно покажа загриженост дека ќе се бори против биолошки докажан маж.

Карини влезе во рингот, а потоа доби силно десно кроше и веднаш ја тргна опремата од себе по што почна да плаче.

Сличен скандал е и учеството на Јутинг Лин во категорија до 57 килограми, а за тоа својот став го искажа портпаролот на Меѓународниот олимписки комитет, Марк Адамс.

„Нема да ги коментирам поединците. Тоа е навистина неправда, но би рекол дека сите кои учествуваат во женска категорија ги почитуваат правилата на натпреварувањето. Во нивните пасоши пишува дека се жени и тоа ни е доволно“, кажа Адамс.