Српски тренер е нов селектор на Грција, целта е да ја однесе на - Светско првенство!

Искусниот српски тренер, Иван Јовановиќ е нов селектор на грчката репрезентација, неговата цел е пласман на Светското првенство 2026 година.

Откако не успеа да се пласира на Европското првенство во Германија, Грција ќе се обиде да дојде до успех со нов селектор. 

Иван Јовановиќ е тренер кој со години работи во фудбалот во Грција и на Кипар, па одлично ги познава можностите во овој дел од Европа. Пред некое време беше најавено, а сега е потврдено дека тој е новиот селектор.

Јовановиќ потпиша договор на две години. Тој ќе биде човекот што ќе ја води Грција во обидот да дојде до место на Светското првенство во 2026 година, односно во Лигата на нациите која стартува оваа есен.

Грците одамна чекаат пласман на едно големо натпреварување, последен пат играа пред точно една деценија на Мундијалот во Бразил.