Легендарниот Луческу ќе биде нов селектор на Романија!
Првите луѓе на романскиот фудбал инсистирале Луческу да биде нивниот нов селектор, тој ја прифатил поканата. Ова за него ќе биде и последна работа во фудбалот со оглед на годините.
Неговата месечна плата ќе биде 27.000 евра, а доколку успее да ја пласира Романија на Светското првенство, ќе добие и бонус од 200.000 евра.
Ова ќе биде вторпат Луческу да е селектор на Романија, претходно беше во далечната 1981 до 1985 година.