Црногорецот ги воодушеви навивачите на Јувентус на дебито, неговите родители плачеле од среќа

Јувентус го победи Лацио со 1-0 со авоголот на Марко Хила во 85. минута. „Старата дама“ играше со играч повеќе од 24. минута откако исклучен беше капитенот Алесио Ромањоли.

Во овој натпревар за домаќините дебитираше Црногорецот Василије Аџиќ кој има 18 години и кој ова лето пристигна од Будуќност во Торино за два милиони евра.

Аџиќ минатата сезона беше најдобар играч во црногорското првенство и се смета за најголем талент во оваа земја. Се очекуваше Јувентус да го испрати во вториот тим, но по добрите настапи во летните подготовки тренерот Мота одлучи да биде со првиот тим.

Имаше ситни проблеми со повреди и дебитираше дури во саботата, а по настапот доби бројни позитивни коментари. За тинејџер одигра храбро, продорно и опасно по гостинскиот гол, стигна и да испрати еден опасен удар кој Проведел го одбрани.

Натпреварот на Аџиќ од трибините го следеле и неговите родители за кои медиумите во Италија пишуваат дека плачеле од среќа. За младата репрезентација на Црна Гора има четири настапи и еден постигнат гол.