„Досега немаме пораз пред нашите навивачи - така да биде и по мечот со Порто!“

Екипата на Вардар утре ќе го игра еден од најважните натпревари во групната фаза против екипата на Порто.

Вардарци во натпреварот со Порто влегуваат со желба за втора победа пред домашната публика откако претходно дома го совладаа убедливо исландски Валур, а пред натпреварот на денешната прес-конференција, покрај тренерот Недановски присуствуваше и ракометарот Танковски.

„Не очекува многу важен натпревар со Порто за пласман во наредната фаза на Европската лига. Според сите нас ова е најважниот меч и единствена опција е да победиме. Со оваа победа нема да бидеме сигурно во следната фаза, но ќе имаме добри шанси да ја поминеме групата и тоа е наша цел. Имаме шанси да победиме и покрај повредените играчи. Досега немаме пораз пред нашите навивачи, така да биде и по мечот со Порто“, изјави Танкоски.Вардар има и повредени ракометари, а тука е и Вуко Борозан кој бил искасан од кучиња скитници.

Натпреварот помеѓу Вардар и Порто се игра утре со почеток од 20:45 часот.