Јуве се „пофали“ со купување на Арда Ѓулер од Реал, ама радоста – кратко траеше (ФОТО)

Екипата на Јувентус на својот англиски профил на Твитер денеска ги израдува своите навивачи со информацијата дека е ангажиран големиот турски талент, Арда Ѓулер и тоа од таборот на Реал Мадрид.

Ова, секако, ги шокира фудбалските вљубеници, со оглед што претходно немаше апсолутна никаква најава за ваков трансфер, уште повеќе што „кралевите“ во овој фудбалер гледаат како еден од идните носители на играта.

Најдобро информираниот фудбалски новинар, Фабрицио Романо, брзо ја откри мистеријата, а тоа е дека профилот на Јуве бил – хакиран. Некој си поиграл на сметка со клубот од Торино и објавил лажна вест. Грешката брзо била исправена, но минало доволно време за да се направат „принт-скринови“ како доказ за макар и грешниот трансфер на Ѓулер во повеќекратниот италијански шампион.