По пауза од 369 дена: Нејмар конечно заигра за Ал Хилал

Бразилскиот фудбалер Нејмар се врати на теренот по пауза од 369 дена поради тешката повреда на вкрстените лигаменти на 17 октомври 2023 година.

Нејмар конечно се рехабилитира по незгодната повреда и вечерва доби шанса од клупата за резервни играчи, откако влезе во игра во 77. минута против Ал Аин (5-4).

Бразилецот досега одигра шест натпревари за Ал Хилал, а притоа постигна еден гол и три асистенции.