Пелистер се засили со репрезентативец на Египет – победник во ЛШ на три континенти!

Македонскиот ракометен шампион, екипата на Пелистер, денеска го официјализира ангажманот на египетскиот репрезентативец, Мохамед Мамдух Шебиб (35 години), потпиша двегодишен договор со битолчани.

Тој во Битола доаѓа од Кувајт, но во Европа најпознат е по настапите за Монпелје и Динамо Букурешт. Шебиб, кој игра на позицијата кружен напаѓач, има скоро 200 настапи за Египет, за кој настапува петнаесет години и со кој е повеќекратен шампион на Африка

Со Монпелје триумфираше во ЛШ во 2018 година, има победи романското првенство и куп со Динамо Букурешт, со Ал-Џаиш ја освои азиска, а со Замалек африканската Лига на шампиони. Тој неделава ќе биде регистриран за натпреварите во Суперлигата и во ЛШ, додека неговото претставување е предвидено в петок (25 октомври).