Ријана ќе инвестира милиони евра во еден од најстарите англиски клубови!

Познатата музичка ѕвезда Ријана заедно со нејзиното момче Роки планира да го купи Транмере Роверс кој во моментов се натпреварува во четвртиот ранг на англискиот фудбал.

Ријана и нејзиното момче понудиле 15 милиони фунти за да го откупат еден од најстарите клубови во Англија, а наскоро се очекува преговорите да бидат комплетирани.

„Преговорите почнаа и блиску сме до остварување на целта. Наскоро ќе постигнеме договор, а Ријана ќе ја гледаме на натпревари во популарната Лига 2“, кажа нејзиниот адвокат.

Пејачката планирала да инвестира милиони фунти во Транмере за да го направи и англиски шампион, иако за такво нешто дефинитивно би било потребно долго време.

Транмере во моментов е на 16. позиција во Лига 2 со само 14 бодови.