Ливерпул сака да го „осигура“ столбот во одбраната за уште нови три години!

Поранешниот англиски и европски шампион Ливерпул почнал преговори со дефанзивецот и капитен на тимот, Вирџил Ван Дајк за продолжување на договорот на дополнителни три години.

Ван Дајк има 33 години, но и покрај тоа е еден од најважните фудбалери на гигантот од „Енфилд“, додека неговиот актуелен договор завршува на крајот на сезоната и поради тоа „црвените“ решија да му понудат продолжување на соработката.

„Преговорите се во тек, ќе видиме што ќе се случи. Фокусиран сум на Ливерпул, сакам да победуваме и да се бориме за титули. Можам да ви потврдам дека преговараме за нов договор“, кажа Ван Дајк.

Дефанзивецот го носи дресот на Ливерпул од 2018 година, кога пристигна од Саутемптон.