Ѓоковиќ се откажа од турнирот во Париз, а нема да игра ниту во Торино!?

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ го откажа учеството на мастерсот во Париз, кој ќе се одржи од 28 октомври до 3 ноември, а постои можност да не настапи ниту на завршниот турнир во Торино.

Ѓоковиќ во саботата играше против Рафаел Надал во Ријад, а потоа кажа дека треба да размисли за неговиот следен потег до крајот на сезоната.

Србинот со настапот во Шангај и пласманот во финалето освои доволно бодови за да се искачи на шестата позиција на табелата за настап на завршниот турнир, меѓутоа српските медиуми пишуваат дека Ѓоковиќ би можел да не заигра ниту во Торино.

Засега не се открива причината за откажувањето на Ѓоковиќ од турнирот во Париз, кој го освои седум пати во кариерата.