Исландската ѕвезда Палмарсон потпиша за Веспрем

Легендарниот исландски ракометар Арон Палмарсон се врати во унгарскиот гигант Веспрем, каде што ќе игра до крајот на сезоната 2024/25.

Централниот бек минатата сезона потпиша за Хафнафјордур, но сега реши да се врати во клубот чиј дрес го носеше од 2015 до 2017 година.

Палмарсон во кариерата играше уште и за Кил, Барселона и Алборг.