Лас Палмас ја „нокаутира“ Валенсија и ја испрати на дното во Ла Лига!

Фудбалерите на Валенсија имаат ужасен почеток на сезоната, а тоа го потврдија со вечерашниот пораз од Лас Палмас со 2-3.

Пепелу погоди за предност од 1-0 на Валенсија во1 4. минута, но потоа гостите стрелаа дури три пати, и тоа преку Муноз, Силва и Молеиро за водство од 3-1.

Во завршницата од мечот Тарега погоди за 2-3, по што Валенсија немаше сила и за трет гол на натпреварот.

Валенсија со овој пораз падна на дното на Ла Лига и има шест бодови, додека Лас Палмас има шест поени, но и подобра гол-разлика.