Драма во Подгорица: Ц. Звезда го доби Будуќност, но го загуби Боломбој

Српскиот кошаркарски гигант Црвена Звезда славеше со 75-73 против Будуќност во дербито на петтото коло во регионалната АБА-лига.

Двете екипи одиграа израмнета прва четвртина, по што Будуќност направи чекор напред и поведе со 35-25, меѓутоа гостите од Белград до паузата намалија на само четири поени негатива (33-37).

Ц. Звезда направи и пресврт на стартот на вториот дел (40-39), но потоа Будуќност влезе во ритам и ја презема предноста (58-52), а воедно гостите остана без Џоел Боломбој кој се здоби со тешка повреда на коленото.

Голема борба се водеше до самиот крај на средбата, а на крајот се радуваше гостинскиот состав со 75-73.

Мекинли Рајт беше најефикасен кај Будуќност со 20 поени, три скокови и седум асистенции, додека Немања Недовиќ постигна 24 поени, три скокови и три асистенции за Црвена Звезда.

Будуќност по пет одиграни кола има четири победи и еден пораз, додека Црвена Звезда има три триумфи и два порази.