Готово е: Кимих потпиша договор до 2029 година!

По долги преговори, Џошуа Кимих конечно успеа да се договори со Баерн Минхен, а денеска стави и потпис на нов договор со бундеслигашот.

Баерн ги исполни барањата на Кимих, кој стави потпис на соработка до 2029 година, а во иднина треба да биде и капитен на екипата.

Кимих се поврзуваше со неколку тимови во изминатиот период, меѓутоа новинарот Фабрицио Романо објави дека ниту еден тим не бил блиску до договор со Германецот.