Усик ќе ја брани титулата против Паркер

Апсолутниот светски шампион во бокс, Олександр Усик ќе мора да ја брани титулата против Џозеф Паркер од Нов Зеланд.

Светската боксерска организација (ВБО) објави дека Усик има рок од 30 дена за да ги договори условите за борбата против Паркер.

Усик со победата против Британецот Тајсон Фјури минатата година стана првиот боксер по 25 години кој ги освоил сите шампионски појаси по верзиите ВБЦ, ВБА и ВБО.

Украинецот требаше да се бори против победникот од мечот меѓу Паркер и Даниел Дубоа, меѓутоа британскиот боксер се повлече од борбата.