Челси сака да купи тројца фудбалери на Бормут (ФОТО)

Англискиот гигант Челси веќе размислува на летниот преоден рок, а медиумите пишуваат дека три засилувања би можеле да пристигнат од Бормут, кој игра одлично оваа сезона.

Крилниот фудбалер Антоан Семењо е главна мета на клубот од „Стемфорд бриџ“, а неговата цена изнесува околу 50 милиони евра.

Новинарот Сајмон Филипс објави дека Семењо не е единствена желба на „сините“, туку на списокот имале уште двајца фудбалери, а тоа се Милош Керкез и Дин Хујсен.

Целиот пакет засилувања би го чинел Челси околу 160 милиони евра, но тоа најверојатно нема да биде проблем за сопствениците.