Тежок хендикеп за Барселона - најдобриот играч ги скина лигаментите

Искусниот плејмејкер на Барселона, Николас Лапровитола го очекува долга пауза, можеби до крајот на сезоната, откако синоќа доживеа тешка повреда во дуелот со Басконија.

Прегледите извршени денеска ги потврдија најлошите прогнози, дека аргентинскиот репрезентативец ги скинал предните вкрстени лигаменти на коленото, а има оштетување и на менискусот. Наскоро на Лапровитола ќе му биде извршена операција по што точно ќе се знае колкав период ќе биде надвор од терените. За вакви повреди, паузата е меѓу 8 и 12 месеци.

Отсуството на искусниот Аргентинец ќе биде огромен хендикеп за Барселона ако се знае дека тој беше еден од најдобрите играчи во тимот од почетокот на сезоната.