
Младински репрезентативец ја напушти Чешка да го облече дресот на Брера!
Антовски доаѓа во Струмица од редовите на чешки Карвина, а со Брера потпиша договор и следната сезона ќе биде дел од првиот тим на тренерот Бојан Круљ.
Младиот македонски фудбалер потекнува од младинските погони на Вардар, кој потоа замина во Динамо Загреб, а во текот на кариерата играше и за Славија Софија, Австрија Виена и Истра од Хрватска.