Ѓоковиќ е посилен од Циципас и повредите, уште две пречки до - злато во Париз!

Новак Ѓоковиќ одигра фантастичен меч против Стефанос Циципас, во вториот сет успеа да се врати од четири гема негатива и да го добие мечот во два сета, српскиот тенисер има уште две пречки до златниот медал на Олимписките игри.

Ѓоковиќ одигра совршено во првиот сет кој го доби со еден брејк, беше 6-3 за него, за водство од 1-0 во сетови.

Но, во текот на вториот сет српскиот тенисер имаше проблеми со коленото поради што побара медицинска помош. Циципас водеше со 4-0.

И покрај високата негатива, Ѓоковиќ успеа да се крене, ги врати двата загубени гема, сетот се решаваше во тајбрејк кој Новак го доби со 7-3 и ја завери победата од 2-0 во сетови.

Ѓоковиќ во полуфиналето ќе игра против Лоренцо Мусети кој направи изненадување откако со 2-0 во сетови го совлада актуелниот олимписки шампион, Александер Зверев.

Во другото полуфинале ќе играат Карлос Алкараз и Оже Алиасим.