Сестрaта на Роналдо се налути и удри по репрезентативците на Португалија! (ФОТО)

Фудбалската репрезентација на Португалија ремизираше 1-1 против Конго во натпреварот од првото коло во групата К на Светското првенство 2026.

По средбата најмногу на мета на критики беше Кристијано Роналдо, а сега се огласи неговата сестра, Катја Авеиро.

„Како по некоја магија, сите одеднаш заборавија како се додава топка. Никој повеќе не знае да ја освои, ниту да започне контранапад. Натпреварот се претвори во додавања наназад на средината од теренот. Чудно Светско првенство. Навистина многу чудно“, порача Катја Авеиро на социјалните мрежи.