Јужноафриканците и за бод на СП си добија скапи подароци

Фудбалската репрезентација на Јужна Африка се најде во центарот на вниманието на светската спортска јавност, но овојпат не поради случувањата на теренот, туку поради несекојдневните сцени во соблекувалната по натпреварот.

Откако дојдоа до бод против селекцијата на Чешка, играјќи 1-1 на Светското првенство, јужноафриканските фудбалери биле изненадени со исклучително вреден бонус.

Според информациите што ги објави спортскиот канал „The Touchline“, челниците на федерацијата одлучиле богато да ги наградат своите репрезентативци за остварениот резултат.

Фудбалерите добиле луксузен накит и скапи рачни часовници, чија вредност надминува 50.000 долари по парче без разлика што станува збор само за бод.