Возиња е чудо, блиску е да го надмине и Ноер (ФОТО)

Еден натпревар беше доволен за целосно да му го промени животот на голманот на Зеленортските Острови, Возиња.

Светското првенство уште еднаш покажа дека може преку ноќ да создаде нови спортски ѕвезди и да ги претвори во глобален феномен. Најновиот пример е искусниот чувар на мрежата на Зеленортските Острови, Возиња, кој по блескавата партија против Шпанија стана вистински хит на социјалните мрежи.

Со серија фантастични интервенции и одбрани против еден од фаворитите на турнирот, Возиња го привлече вниманието на фудбалската јавност ширум светот.

Пред почетокот на Мундијалот голманот беше речиси непознат надвор од Африка и на Инстаграм имаше околу 50.000 следбеници.

Но, магијата на Светското првенство го направи своето. По натпреварот против Шпанија, бројот на неговите следбеници доживе вистинска експлозија и достигна неверојатни 14 милиони, претворајќи го Возиња во една од најголемите приказни на турнирот.

За полесно да се сфатат размерите на овој феномен, доволно е да се направи споредба со едно од најголемите голмански имиња во светот.

Легендарниот германски голман Мануел Ноер  во моментов има 14,7 милиони следбеници на Инстаграм. Тоа значи дека Возиња, благодарение на само еден натпревар на Светското првенство, речиси се израмни со популарноста на еден од најтрофејните и најпрепознатливи голмани во модерниот фудбал.