Уште еден домаќин обезбеди нокаут фаза, САД му се приклучи на Мексико! (ВИДЕО)

Фудбалерите на САД со уште еден одличен натпревар славеа и втора победа со 2-0 над Австралија со што обезбедија пласман во нокаут фазата од турнирот.

Натпреварот беше решен во првото полувреме кога домаќините на Мундијалот ги постигнаа двата гола.

Прво Бургес по 11 минуи си ја погоди сопствената мрежа за потоа пред крајот на првиот дел Фриман да се погрижи за втор погодок.

Во вториот дел избраниците на Покетино се повлекоа на својата половина и ретко дозволуваа шанса на Австралија која сепак се закани во финишот. Но, резултатот не се промени, па Американцте сега и официјално се во втората рунда каде што претходно своето место исто така со две победи си го обезбеди Мексико.

Австралија пак по две кола има победа и пораз и во последното коло ја чека одлучувачки дуел соо Парагвај.