Необична сцена на Мундијалот, се повреди судијата (ВИДЕО)

Репрезентацијата на САД се пласираше во нокаут фазата откако вечерва ја совлада Австралија со 2-0, а во самиот финиш на оваа средба видовме една необична сцена.

Во судиското продолжение од средбата повреда ни помалку ни повеќе заработи главниот судија на средбата Феликс Звајер. Германецот така стана првиот судија кој се повредил на ова Светско првенство.