Одбојкарките остануваат без победа и без освоен сет во Европската лига

Женската одбојкарска репрезентација на Македонија ја продолжи серијата порази во Европската лига откако денеска загуби од Хрватска со 0-3 (15-25, 12-25, 15-25) на турнирот што до недела се одржува во Скопје.

Македонија е една од четирите селекции без победа во досегашниот дел од Европската лига, а се уште чека да го освои и првиот сет во ова натпреварување. И на денешниот меч влезе како голем аутсајдер, па во ниеден од трите сета не пружи отпор.

Хрватките рутински го довија првиот сет, во вториот македонската репрезентација беше уште понеконкурентна, а најдобро одигра во третиот во кој имаше и неколку извонредни поени и серии. Сепак, ни тоа не беше доволно за изненадување на овој меч.

Најефикасна во нашата селекција беше Милевска која освои седум поени. В недела, Македонија игра против Словенија, а утре со истата репрезентација се среќава и Хрватска.