ДЕНЕСКА НА СП: САД ќе се соочи со Австралија, Бразил е апсолутен фаворит против Хаити
САД – Австралија (21.00 часот):
Репрезентацијата на САД моќно го отвори турнирот со победа од 4-1 против Парагвај, со што покажа дека е расположена за постигнување голови и тоа дефинитивно ќе биде проблем за Австралија, која ќе мора да најде начин како да ги запре ривалите. Австралија на стартот ја изненади Турција и славеше со 2-0, но денеска ги очекува сосема поразличен натпревар.
Шкотска – Мароко (00.00 часот):
Фудбалерите на Шкотска влегуваат во натпреварот со голема самодоверба по победата над Хаити, но сега ги очекува потежок тест. Мароко покажа квалитет во првото коло и ремизира против фаворитот Бразил (1-1), со што покажа дека ќе биде еден од најнепријатните тимови на СП.
Бразил – Хаити (02.30 часот):
По разочарувачкото реми против Мароко, Бразил е под притисок да стигне до првата победа на СП. Тимот на Карло Анчелоти има огромен индивидуален квалитет и се очекува да нападне од првата минута. Хаити загуби од Шкотска со 0-1, но покажа дека е незгоден противник. Сепак, разликата во квалитет во овој натпревар е огромна, па сè освен победа на Бразил ќе биде изненадување.
Турција – Парагвај (05.00 часот):
Ова ќе биде најнеизвесниот натпревар за овој ден на СП 2026. Двете репрезентации имаа разочарувачки старт и сега победа е императив ако сакаат да останат во трката за пласман во нокаут-фазата. Турција вообичаено игра офанзивно, додека Парагвај ги чека своите шанси на контра-напади.
Фото: Facebook/U.S. Soccer