Вардар се враќа во елитата: Ракометниот гигант ќе игра во ЛШ
Според нивни информации, Вардар заедно со Партизан и Целје ќе добијат „вајлд-карти“ со кои ќе се вратат во ракометната елита.
Вардар е двократен европски шампион и по неколку сезони повторно ќе се бори против најдобрите екипи во Европа.
Официјална потврда, сепак, наскоро се очекува од Европската куќа на ракометот (ЕХФ).