Резервистите на Англија го декласираа Канзас Сити

Англија зад затворени врати одигра натпревар против Спортинг Канзас Сити и триумфира со 5-1, а шанса на теренот добија фудбалери кои не играа против Хрватска.

По победата над Хрватска од 4-2 во првото коло, тренерот Томас Тухел реши да ги одмори најголемите ѕвезди и да им даде шанса на пријателската средба на останатите играчи.

Најдобар на натпреварот беше Тони кој постигна хет-трик, додека во листата на стрелци за Англија се запишаа и Морган Роџерс и Оли Воткинс.

Фото: Facebook/England football team