УФЦ-настанот пред Белата куќа е еден од најгледаните во историјата

Уште долго ќе се зборува за УФЦ-настанот 250, а сè повеќе детали покажуваат дека настанот би можел да остане запаметен како еден од најуспешните во историјата на спортот.

Иако организацијата сè уште не ги објавила официјалните податоци за гледаноста, сепак информациите кои доаѓаат од врвот на УФЦ привлекоа големо внимание.

„Ова е еден од најгледаните спортски настани во историјата. Не знаеме колку точно е вкупната бројка во моментов, но знам дека има над 150 милиони прегледи“, кажа познатиот Џо Роган.

Претседателот на УФЦ, Дена Вајт исто така не го криеше задоволството по завршување на настанот.