Анчелоти нема дилеми: Винисиус ќе ја освои Златната топка!

Карло Анчелоти ги наброја потенцијалните добитници на Златната топка и ја кажа неговата прогноза.

Според италијанскиот стратег, Винисиус Џуниор е оној кој ќе ја добие престижната награда.

„Винисиус ќе ја освои Златната топка според мене“, рече Анчелоти.

„Карвахал исто така беше многу добар, ја освои Ла Лига, Лигата на шампионите и постигна гол во финалето, го освои и Европското првенство“.

„Но, Винисиус е талентиран фудбалер, млад, добар имиџ, ја освои Ла Лига, Лигата на шампионите даде голови во финалето и полуфиналето. Тој даде два гола во Минхен“.

„Џуд имаше фантастична сезона. Ја освои Лигата на шампионите, лигата, и беше големо изненадување. Најдобар фудбалер во лигата“.

„Родри исто така е фантастичен фудбалер од средниот ред, еден од најдобрите во натпреварувањето и конзистентен“.