Репрезентативно засилување за Брера, потпиша со Димитар Тодоровски

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Димитар Тодоровски кој во минатата сезона играше за Работнички, е нов фудбалер на Брера.

Неколку часа по промоцијата на Филип Антовски, Брера се пофали со уште едно сериозно засилување, станува збор за Димитар Тодоровски кој игра во средниот ред и има поофанзивни карактеристики.

Тој е македонски младински репрезентативец. Во минатата сезона запиша 24 настапи за Работнички во ПМФЛ, даде два гола и имаше асистенција. 

Иако има само 22 години, тој веќе пет сезони настапува во нашата најсилна лига. Тодоровски во ПМФЛ вкупно има 130 натпревари во дресот на Работнички, девет гола и девет асистенции, а сега кариерата ја продолжува во Брера.