Јувентус залудно се надеваше: Најталентираниот Русин си ја крена цената!

Вчера беше отворено Светското првенство во Русија со средбата помеѓу домаќинот и Саудиска Арабија (5-0).

Играч на натпреварот беше младиот играч на ЦСКА Москва, Александер Головин, кој некое време се наоѓа на листата на желби на европските гиганти, а најблиску до неговиот потпис бил Јувентус.

„Скај спорт“ пред неколку недели пишуваше дека италијанскиот гигант ги договорил условите од договорот со 22-годишниот Головин и дека ЦСКА ќе добие од 18 до 20 милиони евра за неговите услуги.

Сепак, официјален договор нема, а италијанските медиуми денеска пишуваат дека Русите ќе ја зголемат цената по средбата со Саудиска Арабија.

Поради тоа, Јуве ќе мора добро да се потруди доколку сака да го купи, а за неговите услуги интерес покажуваат уште и  Милан, Арсенал и Манчестер јунајтед.