
Јуве на српски погон ја разнесе Салернитана, Влаховиќ даде голови по 115 дена пауза (ВИДЕО)
„Старата дама“ која загуби 15 бода од тековната сезона поради трансфер-малверзации и фиктивен буџет првпат победи по пауза од еден месец и триумфот на 7 јануари против Удинезе со 1-0, а блескаа српските репрезентативци. Влаховиќ ја најави победата со голот од пенал во 26-та минута, па до полувреме му асистираше на Костиќ да ја дуплира предноста во 45-та минута. Две минути во вториот дел, Влаховиќ го даде својот втор гол, а трет за Јувентус за да стави печат на победата.
Со триумфот, црно-белите сега имаат 26 бода и се десетти, на иста дистанца од 12 бода во трката за европските места, но и од опасната зона за испаѓање, но торинскиот великан има шанса за Европа и преку Купот на Италија.
Салернитана го запиша десетиот пораз и остана на 21 бод на 16-то место, сѐ уште со солидна предност од најзагрозените и првата во црвената зона Верона, која е на минус седум со 14 бода на контото.