Јунајтед ѓаволски го почна големото дерби - по 62 секунди го шокира „Енфилд“ (ВИДЕО)

Екипата на Манчестер јунајтед имаше старт од соништата на големото дерби против Ливерпул на „Енфилд“, откако дојде во водство по само 62 секунди од почетокот на средбата.

Стрелец на погодокот беше Брајан Мбуму, кој одлично се снајде во шеснаесеткикот на противникот, кој со ова само ја продлабочи кризата во сопствените редови.

Двете екипи средбата ја почнаа без ѕвездите кои дебело ги платија летово. Арне Слот на клупата го остави Вирц, додека Аморим речис од стартната постава да го изостави напаѓачот Шешко.