
Синер за „мајтапот“ во Ријад заработи повеќе отколку на четирите гренслема – заедно!
Турнирот не е дел од официјалниот календар на АТП и не носи бодови за рангирањето, но финансиската добивка е импресивна. Секој од шестемина поканети тенисери имаше загарантиран хонорар од 1,5 милион долари, додека победникот доби уште 4,5 милиони, што вкупно изнесува шест милиони долари по издание. Во годинешното финале, Синер го совлада шпанскиот ас Карлос Алкарас (6-2, 6-4-, повторувајќи го триумфот од минатата година и уште еднаш го потврди своето владеење во Саудиска Арабија.
Интересно е што иако Синер веќе има четири гренслем-титули, вкупната парична награда што ја инкасирал од тие успеси изнесува околу 11,9 милиони долари – помалку од она што го заработи на само две изданија на егзибицискиот турнир на Блискиот Исток. Годинава, со три победи по 2-0 во сетови – над Циципас, Ѓоковиќ и Алкарас – Италијанецот за само три одиграни меча стигна до шест милиони долари.
ФОТО: EPA PHOTO